ДВЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ВО ПАНДОРА ДОКУМЕНТИ Кои се сопствениците кои кријат пари во даночните раеви

Од друга страна, од досега објавените податоци сѐ уште нема потврда дека македонски функционер е вмешан во определени бизнис зделки опфатени во Пандора документите.

1,199

Сопственици од Македонија се поврзани со две компании опфатени со Пандора документите, најновото истражување на меѓународниот новинарски конзорциум, објави Телма.

На мапата на откритијата на Пандора стои дека субјекти од Македонија се поврзани со две компании во трустовите опфатени со истражувањето но не се посочува за кои лица станува збор. Наведено е дека секоја компанија може да има сопственици од повеќе држави.






Од друга страна, од досега објавените податоци сѐ уште нема потврда дека македонски функционер е вмешан во определени бизнис зделки опфатени во Пандора документите.

Конзорциумот продолжува со објавување на податоци за политичари кои го криеле имотот преку трустови формирани во островските даночни раеви, но и во други држави, како на пример сојузната држава Јужна Дакота во САД која во меѓувреме израснала во место со добра заштита за податоци за овој тип на префрлање на пари и бизниси.

Поврзани содржини