Две лица приведени за тешка кражба во трговски центар во Скопје

Малолетниците биле приведени вчера во 14 часот од полициски службеници од Полициската станица Карпош. Украдените предмети им биле одземени и вратени на сопственикот.

438

Полицијата вчера привела две малолетни лица од Скопје, поради тоа што извршиле тешка кражба во продажен објект во трговски центар.

Малолетниците биле приведени вчера во 14 часот од полициски службеници од Полициската станица Карпош. Украдените предмети им биле одземени и вратени на сопственикот.






Од Министерството за внатрешни работи најавија дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“.

Поврзани содржини