Две куќи изгореа во кумановската населба„Циглана“
Пожарникарите интервенирале два часа во гасењето на пожарот.
Пожар избувнал ноќва во две семејни куќи, лепенки во кумановската населба „Циглана“, соопштија денеска од територијаланата противпожарна единица, објави Сител.
Пожарникарите интервенирале два часа во гасењето на пожарот.
– ТППЕ Куманово во текот на изминатата ноќ кај месноста викана „Циглана“ бележат интервенција на опожарени две куќи лепенки Интервенирано е од 02:02 до 04:10часот со две противпожарни возила и шест пожарникари – соопштија од кумановската противпожарна единица.
Надлежните ќе ги утврдуваат причините за избувнување на пожарот како и материјалната штета.