ШИЛЕГОВ СИ ИЗГРАДИ ЛИФТ ВО ДИВОГРАДБАТА Стоилковски тврди дека лифтот чини две годишни градоначалнички плати
Вградување лифт во четирикатница чини колку двегодишни градоначалнички плати во Град Скопје, реагираше Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Петре Шилегов ги загуби изборите за Скопје, ама си постави лифт за време на изборната кампања во својата дивоградба, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Вградување лифт во четирикатница чини колку двегодишни градоначалнички плати во Град Скопје. Шилегов поставил лифт од луксузните гаражи за луксузните возила до дивоградбата на четвртиот кат. Скопје пропаѓа, додека Петре Шилегов во 4 години изгради вила од 300 метри квадратни во Маврово, има нови возила во вредност од 130.000 евра, а семејната куќа ја претвори во зграда од 4 ката на диво, без дозвола за градба. Сè тоа со градоначалничка плата. Фирмата на Петре Шилегов, барем според податоците за приход, е на раб на банкрот, на пример во 2019 година имала ќар од само 5.000 евра. Скопје пропаѓа, а Петре Шилегов, гради во Карпош без документи, а од јавноста ги крие фирмите кои веќе половина година работат тука кај него – рече Стоилковски.
Скопје пропаѓа, додаде тој, затоа што Петре Шилегов е посветен на личен луксуз.
– Скопје пропаѓа, а Шилегов гради луксузни вили за себе, затоа што гради дивоградби во Скопје, затоа што купува возен парк од 130.000 евра. Скопје пропаѓа, а Шилегов зголеми имот за речиси половина милион евра. Скопје пропаѓа, скопјани го казнија Шилегов и неговиот луксуз без документи. Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов – рече Стоилковски.