Две години биле во необична врска, без допири: Колин Фарел открива детали од платонската љубов со Елизабет Тејлор! ФОТО
Холивудскиот актер Колин Фарел со години важи за еден од најголемите заводници, на чиј шарм паднале многу актерки, и од помладата и од постарата генерација.
Една од приказните кои го следат Колин, е дека тој бил во врска со сега починатата холивудска икона Елизабет Тејлор, која била дури 36 години повозрасна од него.
Елизабет почина во 2011 година, а две години потоа Колин ја откри нивната врска, за која малкумина знаеле дотогаш.
Актерот ја запознал дивата на не толку романтично место – во болница, а заедно биле речиси две години. Сепак, никогаш не воделе љубов, иако Колин сакал да биде нејзиниот деветти сопруг, наведуваат медиумите.
– Тоа беше, барем во мојата глава, последната романтична врска што сум ја имал и која, секако, никогаш не беше консумирана – признал Фарел во 2013.
Нивната врска, инаку, главно била телефонска!