ДВЕ ДРЖАВИ, ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА, ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ Кина бара итно и сеопфатно примирје на Блискиот Исток

Кина се залага за мир во Украина и „не долева масло на огнот“ ниту за себе извлекува корист од војната на Русија против Украина, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на седницата на Генералното собрание на ОН.

501

Не смее да има одложување во постигнувањето на „сеопфатно примирје“ на Блискиот Исток, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на седницата на Генералното собрание на ОН.

Тој посочи дека во конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, решението кое подразбира две држави и натаму е единствениот излез од тензичната ситуација во регионот.






Ванг рече дека Кина се залага за мир во Украина и дека „не долева масло на огнот“ ниту за себе извлекува корист од војната на Русија против Украина.

Поврзани содржини