ДВЕ ДЕЦА ВО СКОПЈЕ СЕ ПРОНАЈДЕНИ И СЕ ВРАТЕНИ НА РОДИТЕЛИТЕ Биле на возраст од 4 и од 5 години

Двете деца денеска биле пријавени дека се загубени.

496

Во Скопје денеска биле пронајдени и биле вратени на родителите две загубени деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Машкото дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и не зборувало, според информациите на МВР, било пронајдено во 11:50 часот на улицата Стефан Цветковиќ во Скопје, во близина на Народна банка.






„Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите“, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму информираат дека денеска во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката „Фидани“ од каде било земено од нејзината мајка.

Поврзани содржини