Две деца од 5 и една ипол година позитивни на ковид-19, семејството од Германија во земјава влегло преку Табановце

Мајката и таткото се негативни, според информациите кои ги добил порталот од МВР, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.

1,986

Позитивни на коронавирус се две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои штотуку влегле на граничниот премин Табановце враќајќи се од Германија. Децата веднаш се однесени во адаптираната болница за ковид-пациенти во Козле – пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Мајката и таткото се негативни, според информациите кои ги добил порталот од МВР, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.






Семејството патувало со автомобил. Сите се македонски државјани. Поради правилото со законска сила дека за да влезат во Македонија мора да имаат направено тест за коронавирус не постар од 72 часа, четворицата се тестирале во Ниш.

Поврзани содржини