📽️ ДВЕ ЦИСТЕРНИ СО НАФТА ИЗЛЕТАА ОД ШИНИ Инцидент на пругата Ваљево – Косјериќ

Надлежните истражуваат дали има истекување нафта и што го предизвикало излетувањето на цистерните од шините.

85

Две цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шините на железничката пруга Ваљево – Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат локалните медиуми.

Според информациите, цистерните биле при крајот на товарниот воз што се движел кон Косјериќ. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, ниту дали имало истекување нафта од композицијата.

 






Локалните портали јавуваат дека екипи се на терен и се очекува официјално соопштение од надлежните органи за причините и можните последици од инцидентот.

Поврзани содржини