ДВЕ ЧИТАЛНИ И ИНТЕРНЕТ ЦЕНТАР ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ Мурсели вети нова Градска библиотека во Тетово
Мурсели ги убедил враотените во институцијата дека ќе обезбеди простории за читални и за интернет центар за ученици и студенти.
Кандидатот за градоначалник на Тетово Вулнет Мурсели од Алијасанза Албанците и Алтернатива при посетата на Градската библиотека во Тетово вети нови простории за две читални и конечно отворање на новата зграда на Градската библиотека.
– Денеска дблизу се запознав со функционирањето на оваа институција која со години чека изградба на новиот објект и кој сè уште не е готов. Ги уверив дека на почетокот на мојот мандат, заедно со тимот, ќе обезбедиме простории што ќе ги приспособиме за две читални и простор што ќе служи како интернет центар за ученици, студенти и граѓани. Во меѓувреме, ќе работиме напорно за да ја добиеме централната власт што е можно поскоро, што на крајот ќе ги отвори вратите на зградата на библиотеката во Тетово – рече Мурсели.