ДВАПАТИ СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЗЕМЈАВА Епицентерот на земјотресите бил во Албанија

Потресите се почувствувани синоќа и утринава во југозападниот дел од земјава.

725

Земјотреси со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер и од 2,2 степени се почувствувани синоќа и  утринава во земјава.

Според податоците на сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресите бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје  и на 7 километри источно од Центар Жупа.






Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата земја, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани содржини