ДВАНАЕСЕТМИНАТА КАЈ ВЕЛЕС СО ПОЛЕСНИ ПОВРЕДИ И СКРШЕНИЦИ Градоначалникот на Чашка апелира до МЖ да се стави сообраќајна сигнализација

Сите се задржани на испитување и опсервација. Досега се снимани половината од патниците и скршеници кај нив не се констатирани. Но, сѐ уште се вршат испитувања кај останатите половина од повредените. Целосната информација ќе ја имам по 16 часот, изјави д-р Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница – Велес.

468

Целосно завршија лекарските рендген и лабораториски испитувања на 12-те повредени патници од комбито што денеска околу пладне на железничкиот премин кај велешка „Порцеланка” се судри со возило моторна дрезина на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура”, при што е урврдено дека сите минале со полесни повреди и без скршеници.

– Кај нив се направени рендген и лабораториски испитувања, а двајца од нив по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес, додавајќи дека останатите повредени се задржани на лекување во велешката болница.






Таа информира дека по несреќата во велешката болница со возила на Бразата помош биле денесени 10 лица, а потоа дополнително, дошле уште двајца повредени патници, маж и жена, кои се без скршеници и се во добра здравствена состојба, но се задржани на опсервација.

Левкова Ќулумова претходно информира дека меѓу повредените има две деца на возраст од три и пет години и една 19-годишна девојка, додека останатите лица се на возраст од 30 до 60 години.

Денеска  во 12:01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка” во Велес се случила незгода помеѓу железничко возило и комбе „мерцедес” со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, управувано од 52-годишниот Д.Ј. од Чашка.

На овој премин преку кој минува регионален пат, секојденевно поминуваат голем број жители од сите населени места од Општина Чашка кон Велес. Во изминатите години на овој премин се случија повеќе несреќи во кои животот загубија голем број на граѓани.

На преминот на пругата кај велешка „Порцеланка” го затекнавме градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски кој за МИА информира дека веднаш по информацијата дошол на настанот и првично на лице место видел 12 патници, од кои некои биле видно вознемирени.

– Бев во велешката блница во Велес и ги посетив повредените 10 возрасни и две деца на три и петгодишна возраст. Од првичните информации од лекарите кои ги прегледаа бев информиран дека се работи за полесни повреди. Среќа во несреќа е што не заврши со трагични последици. На повредените им посакувам брзо опоравување и побрзо да бидат со своите семејства – порача градоначалникот Стојановски.

Тој информира дека преминот на железничката пруга Велес – Битола се наоѓа на регионалниот пат кој води од Велес кон сите населени места во општина Чашка.

– Јас веќе контактирав со надлежните од „МЖ” и побарав тие да излезат на терен и колку се во можност поскоро да го обезбедат овој премин на пругата со сообраќајна сигнализација и вертикална и хоризонтална – порача градоначалнникот Стојановски.

Тој појасни дека токму на овој премин секојденевно поминуваат голем број жители од сите населени места од општина Чашка кон Велес, бидејќи преминот се наоѓа на регинален пат.

Инаку, да потсетиме во изминатите години на овој премин се случиле голем број на вакви несреќи во кои животот го имаат загубено голем број на граѓани.

Поврзани содржини