Дваесеттиот Егзит фестивал ќе се одржи од 13 до 16 август 2020

415

Откако епидемијата заврши во повеќето балкански земји, српската премиерка Ана Брнабиќ замоли да не се откажува Егзит (EXIT) фестивалот туку да се одложи за подоцнежен летен термин. Оваа вест стана една од водечките вести во светската музичка индустрија минатата недела и ја донесе толку многу потребната надеж за враќање на „лајв“ настаните и враќање на животот во нормала, соопшти Егзит Македонија.

– Сега, по дополнителните консултации, новите датуми за 20-тата роденденска прослава на најголемиот фестивал во нашиот регион и еден од водечките фестивали во светот се одредени од 13 до 16 август годинава! Тимот на Егзит најавува и дека целиот настан ќе се организира во блиска соработка со Националниот кризен штаб на Република Србија, а како една од мерките ќе биде и намалување на капацитетот на фестивалот на половина од вообичаените 55.000 посетители дневно. Исто така, ќе бидат затворени и рововите во кои инаку се сместени околу 40 бини и зони. Сепак, најимпресивните места на Петроварадинска тврдина кои го прават Егзит легендарен, како што се колосалната „Денс Арена“, главната бина и култната „Ноу Слип“ бина, како и уште некои сцени, ќе блескаат и ова лето во полн сјај!

Повторното покренување на продажбата на влезниците започнува на 1-ви јуни, додека повеќе детали за фестивалот, можноста за рефундација и програмата пристигнуваат во претстојните денови. Фестивалскиот тим потврди дека голем број од изведувачите се исклучително желни да настапат ова лето. Многумина беа во изолација со месеци, одвоени од фановите, па ЕГЗИТ го гледаат како можност за сите повторно да се обединат.

Поврзани содржини