Дваесет и четиригодишен скопјанец осомничен за обид за убиство

375

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15.30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица.  По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал  огнено оружје – пушка ловен карабин која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот. Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш  од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените. Во насока на обезбедување на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд  достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“3, информира Обвинителството.

Поврзани содржини