Дваесет европратеници ја повикуваат ЕУ да почне преговори со Македонија

Предупредувајќи дека блокирањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува кредибилитетот на Европската Унија на западниот Балкан, тие ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да изнајдат компромис за билатералните прашања за да се избегне натамошно одлагање на процесот, пишува во писмото.

1,140

Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија.

Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на оваа година.






– Предупредувајќи дека блокирањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува кредибилитетот на Европската Унија на западниот Балкан, тие ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да изнајдат компромис за билатералните прашања за да се избегне натамошно одлагање на процесот – пишува во писмото.

Бугарија, повикуваат европратениците, треба да го одобри отворањето на меѓувладината конференција со Северна Македонија што е можно побрзо и со тоа да оддаде признание за напорите на земјата во пристапниот процес кон ЕУ. Тие ја повикуваат македонската страна исто така „да го вложи секој можен напор“ за решавање на споровите.

Албанија, која исто така нема да добие зелено светло денеска бидејќи дебатата за проширувањето е отстранета од дневен ред и фигурира само како информативна точка, треба да добие признание за своите реформски напори, велат европратениците.

Писмото е потпишано од известувачот за Северна Македонија во Европарламентот, бугарскиот пратеник Илхан Ќучук, како и од други пратеници добро познати на македонската јавност – Тања Фајон, Дејвид Макалистер, Рајнхард Бутикофер и други

Поврзани содржини