Два жени настрадаа во експлозија на плинска боца во Белград

За силината на експлозијата, која ги вознемири граѓаните, говори и фактот што биле искршени прозорците на зградите на стотина метри од местото на инцидентот.

711

Две жени се тешко повредени во експлозија на боца со гас вечерва околу 18 часот во белградската населба Петлово Брдо.

За силината на експлозијата, која ги вознемири граѓаните, говори и фактот што биле искршени прозорците на зградите на стотина метри од местото на инцидентот.






Настраданите живееле на приземјето од зграда на улицата Опленашка, а експлозијата ги исфрлила двете жени преку вратата и прозорецот од станот. Засега не е познат степенот на нивните повреди.
На терен се и пожарникарите и полицијата.

Поврзани содржини