Два послаби земјотреси вечерва се регистрирани на 11 километри североисточно од Охрид. Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва регистрираше земјотреси кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Првиот земјотрес е почувствуван во 21.07 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21.26 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и со интензитет од III-IV степени според истата скала.