Два земјотреса од 5,4 и 4,6 степени кај островот Родос

395

За помалку од 12 часа во морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос беа регистрирани два земјотресa со јачина од 5,4 и 4,6 степени според Рихтер, без да има повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот земјотрес од 5,4 со епицентар на 30 километри северно од Родос беше регистриран синоќа, а бил почувствуван и на турското крајбрежје.






Утрово, кусо по 7 часот, во морскиот дел, 26 километри североисточно од островот беше почувствуван нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала

Поврзани содржини