ДВА ТОПЛИ ДЕНА, А ПОТОА ВИКЕНД СО ДОЖД Утре ќе биде стабилно и сончево
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Времето утре, 28 август, ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 35 степени.
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе донесе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.