ДВА СПЕКТАКУЛАРНИ КОНЦЕРТИ ЗА ГОЛЕМОТО ОТВОРАЊЕ НА ГРАНД КАЗИНО АДМИРАЛ Влатко Стефановски и Владо Јаневски ќе го отворат новото казино во Лимак Дајмон Мол

Влатко Стефановски и Владо Јаневски на 12 и на 13 април ќе одржат два спектакуларни концерти на големото отворање на новото Гранд Казино Адмирал во Лимак Дајмонд Мол.

431

Легендарните македонски музички ѕвезди Влатко Стефановски и Владо Јаневски на 12 и на 13 април ќе одржат два спектакуларни концерти на големото отворање на новото Гранд Казино Адмирал во Лимак Дајмонд Мол.

„Дојдете да ги свртиме заедно среќните коцки, и да се забавуваме со легендите на македонската музика. Ви ветуваме квалитетна забава и богата програма со многу изненадувања и наградни ваучери“ – порачуваат од Гранд Казино Адмирал.

 






Групацијата за игри на среќа Новоматик свечено ги отвара вратите на своето најново казино во градот, Гранд Казино Адмирал престижен објект лоциран во Limak Skopje Luxury Hotel, во склоп на комплексот Diamond Of Skopje.

„Станува збор за најсовремен архитектонски објект кој нуди широк спектар на игри во амбиент кој зрачи со елеганција за незаборавно играчко искуство.

Љубителите на живата игра ги пречекува високо обучен персонал посветен да ja направи секоја посета во Гранд Казино Адмирал исклучителна. Согласно највисоките светски стандарди секој гостин добива персонализирано внимание кое обезбедува брза и ефикасна испорака на услугите.

Почувствувајте ја возбуда и дозволете ни ние да се погрижиме за Вашето незаборавно играчко искуство . Гранд Казино Адмирал е вашата крајна дестинација за врвна забавa и мега добивки, место каде што луксузот се среќава со забавата“ – истакнуваат од групацијата Новоматик.

Поврзани содржини