ДВА ПИТБУЛА УБИЈА 13-МЕСЕЧНО ДЕТЕ Трагедија во провинцијата Салерно во Италија
Според првите информации на полицијата, сопствениците на кучињата биле познаници на мајката.
Утрово во Италија, во провинцијата Салерно, два питбула нападнале тринаесетмесечно момче Франческо Пио Д’Амара и го убиле.
Кучињата го нападнале во дворот на селската куќа. Мајка му и вујко му се обиделе да го спасат, но кучињата ги повредиле и нив.
Според првите информации на полицијата, сопствениците на кучињата биле познаници на мајката.
Кучињата биле пуштени на слобода во дворот на семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.
Паола, мајката на детето, по несогласувањата со сопругот се преселила во Камполонго, каде изнајмила дел од селската куќа во која живеела сама со синот. Питбулите им припаѓале на сопствениците на куќата кои живееле во друг дел од двокатната зграда, пишува Salerno Corriere.
Според соседите, кучињата досега не покажале знаци на агресија.