ДВА НОВИ СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСА ВО ТУРЦИЈА И ВО СИРИЈА Едниот 6,3 степени, другиот 5,8

Според првичните извештаи најмалку 8 луѓе се повредени во денешните потреси.

290

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен. Според очевидци, имало силно тресење и причинета е материјална штета.

Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), имало два одделни потреси. Еден се случил околу 20.04 часот. по локално време во областа Дефне во Хатај, со јачина од 6,4 степени, додека другиот се случил три минути подоцна, со епицентар во провинцијата Самандаг во Хатај, со јачина од 5,8 степени.






Според првичните извештаи, најмалку 8 луѓе се повредени во денешните потреси. Турската телевизија НТВ јави дека некои оштетени згради се урнале поради земјотресот. Градоначалникот на Хатај изјави под урнатините има затрупани лица, јави Би-Би-Си.

Сириската новинска агенција САНА објави дека во Алепо има шест повредени лица при уривање на веќе оштетени згради.

Освен во Турција и во Сирија земјотресите биле почуствувани и во Либан и во Палестина. Земјотресот беше силно почувствуван во турските области Антиохија и Адана, 200 километри северно од епицентарот. 

Турската агенција Анадолија објави видеоснимки од денешните потреси на својот профил на Твитер.

 

Поврзани содржини