Два натпревари суспензија за Нејмар

308

Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига (LFP) го суспендираше напаѓачот на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) Нејмар со три натпревари, од кои еден условно, поради црвениот картон во дербито против Лил.

Нејмар беше исклучен во самиот финиш на натпреварот во неделата, бидејќи го турна со рацете Тијаго Џала, откако претходно беше фаулиран од истиот фудбалер покрај аут линијата.






Нејмар, кој во последните 15 настапи во француското првенство доби дури три црвени картони, ќе ги пропушти натпреварите против Стразбур и Сент Етјен.

Судијата на дербито меѓу Лил и ПСЖ му покажа црвен картон и на Џала, кој е суспендиран на два натпревари, од кои еден условно.

Лил води на табелата со 66 бодови, три повеќе од второпласираниот ПСЖ, додека трет е Монако со 62 бодови.

Поврзани содржини