Два месеца лежело мртвото тело на 94-годишен човек во стан во Сплит. Тој починал на 16 октомври, јавува Слободна Далмација.
Мажот починал од природна смрт. Итната помош извршила увид. Тоа што не го знаеле е дека старецот живеел со 55-годишен психички болен син, кој два месеци живеел во станот со починатиот татко. Случајот е откриен откако соседите ја викнале полицијата бидејќи почувствувале неподнослива смрдеа.
И починатиот маж и синот биле под надзор на Центарот за социјална помош, па се поставува прашањето како е можно никој за два месеци да не ги контактирал и да дојде да ги провери.