Два македонски тима во конкуренција за глобална награда на НАСА

Тие се сега во трка за една од шесте глобални награди од NASA со можност да добијат покана за посета на Kennedy Space Центарот во Флорида и да присуствуваат на полетување на ракета во текот на 2021 година.

289

Два македонски тима составени од девет девојки и момчиња на возраст од 15 до 19 години ќе не претставуваат на светскиот натпревар за иновации за Земјата и Вселената – NASA Space Apps Challenge во организација на вселенската агенција NASA и ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред врвни експерти.

Двата победнички тима интензивно работеа и по завршувањето на домашното издание и во текот на изминатава недела дополнително ги унапредија своите решенија со поддршка на менторите. Тие се сега во трка за една од шесте глобални награди од NASA со можност да добијат покана за посета на Kennedy Space Центарот во Флорида и да присуствуваат на полетување на ракета во текот на 2021 година.






Наградата People’s Choice (избор на публиката) му припадна на тимот MySystems од Гостивар составен од членовите: Седеф Ќамили (19), Исра Азизи (18) и Мустафа Ести (19). За најдобар ментор за време на натпреварот самите учесници го избраа Александар Бојковски од компанијата Symphony Solutions.

Првопласираниот тим работеше на развивање на поиновативна верзија на алат кој веќе го
користат астронаутите на Меѓународната вселенската станица, од причина што актуелната
верзија има повеќе проблеми и досега предизвикала и оштетувања на станицата. Притоа
требаше да ги земат во предвид специфичните надворешни и внатрешни влијанија, како и
карактеристиките на различните видови на материјали. Одлуката на глобалната жири
комисија ќе биде позната околу Нова година.

MIA

Во рамките на главниот настан, по 6-ти пат се организираше и натпревар за најмладите
NASA Kids & Youth Space Challenge за сите на возраст од 4 до 14 години, со можност
поискусните да се натпреваруваат на таканаречени „Младински предизвици” и да влезат во
конкуренција со повозрасните. Кај помладите исто така беа прогласени едно прво и едно
второ место, а третото место го делеа дури три дечиња меѓу кои и Дејан Зафиров, 5то
одделение во основното училиште Ванчо Прке од Штип, за деца со посебни потреби кој со
помош на неговата учителка Светлана Трнинкова изработи маска-планета.

Организаторите на најмалите им доделија и две специјални награди Young Space Brainiac и Rocketry Wizard. Сите учесниците имаа можност да разговараат со ексклузивни говорници од NASA, JPL, Google, Blue Origin и MIT кои со нив ги споделија своите искуства и знаења, а нивното виртуелно гостување на хекатонот го овозможи тимот на Њуменс Бизнис Акцелераторот.

Настанот е во организација на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, а
традиционално е поддржан од страна на Амбасадата на САД во Скопје. 

Поврзани содржини