ДВА КРУЖНИ ТЕКА ЌЕ ДОБИЕ ВЕЛЕС Марко Колев вети подземна гаража со 100 паркинг места

109

Марко Колев, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во Студио 10 на телевизија 24. Тој говореше за програмата и истакна дека тaа произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.

– Во завршна фаза сме за проектирање и распишување тендер за нов мост во близина на Башино Село. Планираме изградба на обиколница со шест влеза, за да ги извадиме сите тешки товарни возила надвор од градот. За тоа веќе имаме подготвено идеен проект и се работи проектирањето – вели Колев.






Тој најави изградба на два кружни тека, реконструкција на патни правци и изградба на подземна катна гаража со 100 паркинг места.

– Два кружни тека, едниот е кај Костурница, другиот кај Башино Село. Реконструкција на многу патни правци, во градот и надвор од градот. Довршување на трите паркинг места коишто Општината веќе ги гради. Подземната катна гаража во централното градско подрачје е за околу 100 возила. Во близина на кејот се гради уште еден паркинг за околу 50 возила, а во моментот се гради уште еден паркинг за околу 100 возила – додаде Колев.

Поврзани содржини