ДВА ЕР ТРАКТОРИ, БАГЕРИ, СТОТИНА ВОЈНИЦИ… Митко Јанчев очекува пожарот на Серта да биде изгаснат денеска
Стотина припадници на АРМ, на Министерството за внатрешни работи, ТППЕ, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ловџии, волонтери и локално население од утринава масовно се вклучени во гаснењето на пожарот на планината Серта, а поддршка има и од соодветна механизација. Исто така, се дејствува и од воздух со два хеликоптера од воздухопловниот ВИНГ, два авиона ер трактори, сето тоа во координација и насочен ангажман во гаснењето на пожарот , додаде Стојанов.
Пожарот на планината Серта се очекува денеска да се стави под контрола и да се изгаснат конечно големите стихии, истакна кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој заедно со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, беа на терен во неготинско.
– Денеска се работи со четири булдожери, пет багери за отсечување на теренот и локализирање на пожарот кој веќе неколку дена се шири во неготинско. На терен се вклучени и полицијата и АРМ заедно со пожарникари од Неготино и Кавадарци, со седум цистерни кои го гаснат пожарот од земја, а додека ЦУК со АРМ и МВР интервенираат од воздух со три хеликоптери и два авиони – појасни Јанчев.
Стојанов нагласи дека пожарот на Серта се гасне координирано од воздух и од земја.
– Стотина припадници на АРМ, на Министерството за внатрешни работи, ТППЕ, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ловџии, волонтери и локално население од утринава масовно се вклучени во гаснењето на пожарот на планината Серта, а поддршка има и од соодветна механизација. Исто така, се дејствува и од воздух со два хеликоптера од воздухопловниот ВИНГ, два авиона ер трактори, сето тоа во координација и насочен ангажман во гаснењето на пожарот – додаде Стојанов.
Утринава претседателот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека на падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар, а сега се одвоени. Тоа се пожарот во општина Неготино во атарот на с.Калањево, пожарот во општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ и пожарот во општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли.
Двата далекуводи во неготинско на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО.