ДВА ЕКСПРЕСНИ ПАТА ЌЕ ВОДАТ КОН СТРУМИЦА Градот ќе се поврзе и со Скопје и со автопатот Струма
Владата подготвила специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, екстра од она што се редовни средства, кои што Владата ги префрла во повиците кои што се случија минатата и оваа година, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Изградба на експресен пат од Скопје до Струмица и поврзување на општината со автопатот Струма, односно спојување на коридорите 8 и 10 – тоа се двете најголеми инфраструктурни инвестиции во овој кои, за кои зборуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Струмица.
По изборот на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Петар Јанков, општина Струмица ќе добие специјален финансиски пакет, дополнително од она што Владата го префрла во повиците за поддршка на локалните самоуправи.
– Тука се секако двете најкрупни инфраструктурни инвестиции, првата е изградба на експресен пат, кој што треба да оди од Радовиш до Струмица, како Струмица целосно би била поврзана со главниот град Скопје, или со експресен пат или со автопат. Втората е поврзување на двата паневропски коридори, Коридорот 10 во Македонија и Коридорот Струма во Бугарија, преку изградба на експресен пат кој што ќе оди од Смоквица, под Валандовско брдо, ќе излегува кај Кутлеш обиколница на Струмица, Ново Село на граница со Бугарија – рече Николоски.
Бугарија, пак, треба да го заврши делот кој што оди од граница преку Петрич до поврзување со автопатот, што ќе значи спој на двата автопати и едно огромна можност за целиот регион.
– Соработката помеѓу централната и локалната власт ќе биде на највисоко ниво и сакам еве да најавам, денес од тука од Струмица, дека спремаме специјален финансиски пакет за проекти во општина Струмица, кое што ќе е дополнително или екстра од она што се редовни средства, кои што Владата ги префрла во повиците кои што се случија минатата и оваа година – изјави Никиолоски.