ДВА ДЕНА СЕ ВО ПРАШАЊЕ Барса и Левандовски треба да се договорат до сабота

Барселона има рок да се изјасни за понудата до сабота, кога Баерн ќе го претстави својот тим за новата сезона. 

221

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен му порача на раководството на Барселона дека полскиот напаѓач Роберт Левандовски може да направи трансфер во каталонскиот клуб со обесштетување од најмалку 50 милиони евра, пренесуваат денеска шпанските медиуми, додавајќи оти рокот за изјаснување за понудата истекува в сабота.

„Фудбалерите на Барселона овој викенд заминуваат за Мајами, а тренерот на каталонскиот клуб Чави Ердандез очекува Левандовски што поскоро да ѝ се приклучи на екипата и поради тоа преговорите меѓу двата клуба ќе се интензивираат во следните денови“, пишува весникот „Марка“.






Шпанскиот весник наведува дека челниците на Барселона се обидуваат да го убедат раководството на Баерн да ја спушти цената за Левандовски, но германскиот клуб не сака да му дозволи трансфер на полскиот голгетер за помалку од 50 милиони евра.

Барселона има рок да се изјасни за понудата до сабота, кога Баерн ќе го претстави својот тим за новата сезона.

Поврзани содржини