ДВА ДЕНА ПО ПРЕВРТУВАЊЕТО НА ЦИСТЕРНАТА Нормализиран сообраќајот кон граничниот премин „Ќафасан“
Сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и за дислокација на превртената цистерна од коловозот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Воспоставен е нормален сообраќај на патниот правец Струга-граничен премин „Ќафасан“, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи Охрид.
Сообраќајот се одвива во двете насоки.
Патот беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот.
– Сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и за дислокација на превртената цистерна од коловозот – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.