ДВА ДЕНА ОЛЕСНУВАЊЕ, А ПОТОА ПЕКОЛ Сончево и стабилно време, но од понеделник температури до 38 степени
Температурите во сабота и недела ќе се движат до 34 степени, а од понеделник повторно следува вистински топлотен бран.
По нестабилното време со дожд и грмежи, за време на викендот не очекува стабилизација на временските прилики, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Иако денеска и утре попладне повторно може да има појава на локален пороен дожд, грмежи и невреме со засилен ветер и евентуален град, за викендот времето ќе се смири.
– Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо, со умерен, повремено засилен северен ветер – велат од УХМР.
Температурите во сабота и недела ќе се движат до 34 степени, а од понеделник повторно следува вистински топлотен бран. Очекувајте стабилно, претежно сончево и сè потопло време, со дневни температури кои ќе се искачат и до 38 степени.