Два дена нема починати од ковид-19 во Рим

Регионалните здравствени власти на прес конференција соопштија дека во Рим е „стабилен трендот“ со бројот на новозаразени на дневно ниво и оти е под 100.

266

Во Рим во последните 48 часа не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, соопштено е денеска во главниот град на Италија, земјата со најголем број на починати од коронавирусот во Европа.

Регионалните здравствени власти на прес конференција соопштија дека во Рим е „стабилен трендот“ со бројот на новозаразени на дневно ниво и оти е под 100.






Во Италија од ковид-19 досега починале повеќе од 26.000 луѓе.

Поврзани содржини