Двајцата пациенти со трансплантиран бубрег се во добра состојба
Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45 годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.
Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство.
Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези
Од МЗ информираат дека трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45 годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст од Куманово.
– Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа – информираат од МЗ.
На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.