Двајцата дебрани од вечерва на Инфективна, 40 сопатници ќе се испитуваат
Двајцата сопружници на возраст од 62 и 68 години од Дебар, кои попладнево беше утврдено дека се заболени од коронавирус, од Италија во Македонија стасале во автобус на 27 февруари.
Двајцата сопружници на возраст од 62 и 68 години од Дебар, кои попладнево беше утврдено дека се заболени од коронавирус, од Италија во Македонија стасале во автобус на 27 февруари.
Патниците се со лесна клиничка слика и во стабилна состојба, изјави министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес-конфренција.
Тие првпат на матичен лекар се јавиле 2 март, но тој не препознал индикации и ги пратил на домашно лекување. Дома тие имале контакт само со братот на заболената дебарка.
– Во соработка со МВР веќе се најдени имињата и матичните броеви на сите патници од автобусот. Вечерва по индентификувањето и лоцирање, ќе се постапи бидат со соодветни мерки согласно нивната здравствена состојба и а по анализа на нивните контаки – рече Филипче.
Тој рече дека најголем ризик постои за патниците во трите реда пред и зад заболената брачна двојка.
Вечерва со специјален транспорт, заболените ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.