ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО Уште петмина се повредени

Несреќата се случила во близина на селото Радобил.

1,392

Попладнево околу 17 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско во близина на селото Радобил, а во неа загинале двајца луѓе, соопшти полицијата.

„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата“ – Се вели во соопштението на МВР.






Магистралниот пат Прилеп-Градско беше пуштен во употреба летово, а во рок од еден месец на него имаше две сообраќајки со петмина загинати.

Поврзани содржини