ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО НАПАД ВО ХОЛАНДИЈА Маж со самострел гаѓал минувачи ВИДЕО
Полицијата првично на Твитер објавила дека ситуацијата е под контрола, но потоа објавила дека станува збор за ситуацијата која се означува со кратенката ГРИП 3, што значи дека е во тек ситуација која е опасна за граѓаните.
Во нападот кој се случил утрово во холандскиот град Алмело убиени се две лица и еден е повреден. Осомничениот е ранет и уапсен, јавуваат локалните медиуми.
На местото на злосторството има шест возила на итна помош и повеќе полициски возила и екипи на специјалната полиција.
РТВ Оост објави снимка која покажува полугол маж со самострел како стои на тераса, додека во заднина се слушаат истрели од огнено оружје. Мажот наводно со самострелот пукал по минувачите.
Полицијата испукала повеќе куршуми во обид да го уапски осомничениот.
Полицијата првично на Твитер објавила дека ситуацијата е под контрола, но потоа објавила дека станува збор за ситуацијата која се означува со кратенката ГРИП 3, што значи дека е во тек ситуација која е опасна за граѓаните.
На социјалните мрежи кружат снимки кои ја прикажуваат акцијата на полицијата.
Op deze beelden is te zien dat er een man met een kruisboog op het balkon stond. #almelo #rtvoost pic.twitter.com/35sNdUFkQl
— RTV Oost (@rtvoost) September 17, 2021
Steekpartij #almelo #kruisboog pic.twitter.com/agDbAgkhma
— Ronnie Meijer (@Ronnie_Meijer) September 17, 2021