ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ДВЕ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ВО СТРУМИЧКО Едниот се превртел со автомобилот, другиот со мопедот

Загинаа К.В.(46) од селото Сушево и К.Д.(63) од селото Градско Балдовци, соопшти полицијата.

554

Две лица загинаа вчера во две одделни сообраќајни несреќи што се случија во Струмичко, соопштии СВР Струмица.

„Вчера во 16.35 часот во полицијата било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано Слобода, кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала, автомобил „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.В.(46) од село Сушево, струмичко, се превртел на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопшти полицијата.






Во втората сообраќајна несреќа, која се случила на регионален пат, на делницата од селото Габрово до селото Банско, загина К.Д.(63) од село Градско Балдовци, струмичко.

„Тој, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од повредите на починал местото на несреќата“, соопшти полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телата на загинатите се дадени на обдукција.

Поврзани содржини