Двајца заболени во Прилеп, синот се вратил од Копаоник и ги заразил со корона

7,219

Во Прилеп се регистрирани првите два случаја на заразени од коронавирусот, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Според директорката на Центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст над 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

– Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10-тина дена. Сѐ уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син – изјави Николоска. 

Поврзани содржини