Двајца пациенти заболени од коронавирусот на Инфективната клиника ќе почнат да ја примаат новата терапија – комбинацијата од два лека – антибиотик азитромицин и лек против маларија.
– На новата терапија, по официјалниот крај на сите постапки, денес се ставени двајца пациенти на Инфективната клиника. Но кај нив треба задолжително да се направи и ЕКГ, бидејќи таа има и контраиндикација и не се дава кај сите болни! Луѓето никако да не ја купуваат и земаат сами оваа терапија, која не е безазлена и се дава само по точна индикација. И при најмала промена на ЕКГ-то, таа е контраиндицирана. Денес овие пациенти завршуваат со сите кардилошки прегегледи, па ќе се реши на кои ќе им се даде. Апелирам не само да не ја земаат на своја рака, туку никако како превенција. А за лицата на домашно лекување сега се разгледува организирање на транспортот, бидејќи оваа терапија се прима во болнички услови – рече министерот за здравство Венко Филипче.