Двајца владици на МПЦ-ОА заболени од ковид на лекување во болница
Владиката Петар вели дека, според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден
Владиците Агатангел и Петар се хоспитализирани во болница поради ковид-19, јави ТВ Сител вечерва.
Тие се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на ковид. Информацијата за Сител ја потврдил владиката Петар кој веќе 20 дена е во болница.
Тој сега се чувствува добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците за сериозноста на вирусот.
Владиката Петар вели и дека, според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.