ДВАЈЦА ВЛАДИЦИ ОД ПОА ЌЕ ДОБИЈАТ ЕПАРХИИ, ЗА ТРЕТИОТ ЌЕ ВИДИМЕ Владиката Петар тврди дека интеграцијата на двете цркви ќе се изврши до мај
Јас сега можам да кажам дека Јован нема да се пензионира и тој ќе продолжи да функционира како дел од МПЦ-ОА, изјави владиката Петар.
Архиепископот Јован од Православната охридска архиепископија (ПОА) нема да се пензионира, а другите двајца епископи од таа црква – брегалничкиот епископ Марко и кумановскиот владика Јоаким, ќе добијат свои помошни епархии во МПЦ-ОА во склоп на постоечките.
Ова, на прашање на нашиот новинар Мартин Богатиноски, го одговори митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар од МПЦ-ОА за време на неговото гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
За иднината на епископот стобиски г. Давид, тој рече дека сѐ уште не е позната, но дека најверојатно ќе продолжи да биде викарен епископ во МПЦ-ОА или во Српската православна црква (СПЦ).
– Прашањето за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА ќе биде решено најдоцна до мајскиот Собор на СПЦ и тогаш ќе се знае кој и што ќе добие. Јас сега можам да кажам дека Јован нема да се пензионира и тој ќе продолжи да функционира како дел од МПЦ-ОА – изјави владиката Петар.