ДВАЈЦА ВЕЛОСИПЕДИСТИ СЕ СУДРИЛЕ НА ПАРТИЗАНСКА Едниот завршил во болница, другиот побегнал
Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.Партизански одреди во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од В.И.(63) од Скопје и друг велосипед, кој го напуштил местото на несреќата.
Притоа, велосипедистот В.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „8 Септември” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.