ДВАЈЦА УКРАИНЦИ ЈА ИЗВРШИЛЕ САБОТАЖАТА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА ВО ПОЛСКА Туск воведе трето ниво на закана од тероризам

Премиерт Доналд Туск оопшти дека службите идентификувала две лица одговорни за саботажата на железницата - двајца украински државјани кои соработувале со руските разузнавачки агенции и кои избегале во Белорусија.

766

Полска ќе го зголеми нивото на закана на одредени железнички линии и воено ќе ја заштити клучната инфраструктура, објави денеска премиерот Доналд Туск, откако беа оштетени шините на железничката пруга што води кон Украина.

– Шефот на агенцијата за внатрешна безбедност и министерот за внатрешни работи ме замолија да го воведам третото ниво на закана, Чарли, поради терористички закани. Одлуката ќе се однесува на одредени железнички линии, додека остатокот од земјата ќе остане под второто ниво на закана – Изјави Туск пред парламентот.






Туск притоа соопшти дека службите веќе идентификувала две лица одговорни за саботажата на железницата, откривајќи дека станува збор за двајца украински државјани кои соработувале со руските разузнавачки агенции и кои избегале во Белорусија.

Портпаролот на полските специјални служби претходно денеска изјави дека сè укажува дека руските разузнавачки служби стојат зад саботажата на полската железница кон Украина.

Експлозијата на железничката пруга Варшава-Лублин, која го поврзува главниот град со градот на украинската граница, следеше по серија палежи, саботажи и кибер напади во Полска и во други европски земји.

Полската влада претпладнево одржа вонреден состанок на Советот за национална безбедност за инцидентот, на кој присуствуваа воени команданти, раководители на разузнавачки агенции и претставник на претседателот.

 

ЗА САБОТАЖАТА НА НЕЈЗИНА ПРУГА ПОЛСКА ВПЕРИ ПРСТ КОН МОСКВА Ги обвини руските разузнавачки агенции

Поврзани содржини