ДВАЈЦА ТУРИСТИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО СТРУГА 72-годишни Холанѓани со мотоцикл излетале од коловозот

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија и таа е пренесена на лекување во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

211

Повозрасна Холанѓанка е потешко повредена во сообраќајната несреќа во Струга, откако мотоцикл „Хонда“ управуван од 72-годишен возач излетал од коловозот.

Во известувањето од МВР стои дека вчера во 14.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на кружна крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Маркс Енгелс“, Ј.Ц.В.Р.(72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија и таа е пренесена на лекување во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Поврзани содржини