Двајца тинејџери се судриле со велосипеди, едниот со тешки повреди

346

Двајца тинејџери се судриле возејќи велосипед при што се повредиле, вчера во Велес, соопшти МВР.

Инцидентот се случил вчера попладне на патниот правец Велес-Градско, кај местото познато како „Бабуна“.






„Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес каде биле пренесени за укажување на лекарска помош“, се наведува во соопштението.

Увидна екипа од СВР Велес извршила увид на местото на незгодата.

Поврзани содржини