Двајца струмичани присилно снимале слики и порнографски клипчиња со малолетничка
Обвинителството доставило до Струмичкиот суд предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз оштетената/сведокот и можност да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничните им определи притвор во траење од 30 дена.
Струмичкото обвинителство поведе истрага против две лица под сомнение дека прикажувале порнографски материјал на дете и за производство и дистрибуција на детска порнографија, информира Обвинителството.
– Во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 години, присилиле малолетничка која имала наполнето 14 години на снимање слики и видео клипови со порнографска содржина. Тие ја повикале оштетената во напуштен локал во еден трговски центар, каде без нејзина согласност извршиле полови дејствија врз неа и тоа го снимиле. Видеото потоа го направиле достапно, така што преку социјална мрежа го испратиле на трети лица – велат од Обвинителството.