Двајца скопјани украле кипер, го стартувале со штрафцигер
Осомничените, на возраст од 39 и 37 години, на 4 јуни, од плац за паркирање камиони на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје одзеле товарно моторно возило – кипер марка „Ивеко“ во вредност од 1.900.000 денари.
Осомничените, на возраст од 39 и 37 години, на 4 јуни, од плац за паркирање камиони на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје одзеле товарно моторно возило – кипер марка „Ивеко“ во вредност од 1.900.000 денари. Делото го сториле така што заедно и по претходен договор дошле на наведената локација, па додека едниот осомничен внимавал некој да не наиде, другиот со употреба на погоден предмет – штрафцигер го стартувал возилото, со што противправно го присвоиле и го напуштиле местото на настанот.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените би можеле да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.