ДВАЈЦА СКОПЈАНИ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА Страшна сообраќајка кај булеварот 8-ми Септември

По настанот, на местото на несреќата веднаш била испратена увидна екипа од СВР Скопје, која извршила увид за утврдување на сите околности околу несреќата.

1,143

Вчера во 16 часот, се случила сообраќајна несреќа на сервисна улица која ги поврзува ул. Бледски договор и бул. 8-ми Септември во Скопје. Според информациите од СВР Скопје, во несреќата учествувале две патнички возила: „фолксваген поло“, управувано од 63-годишниот С.Ш. и „сеат“, управуван од 31-годишниот В.З., обајцата од Скопје.

За жал, во инцидентот, и двата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. По настанот, на местото на несреќата веднаш била испратена увидна екипа од СВР Скопје, која извршила увид за утврдување на сите околности околу несреќата.






Случајот продолжува да се истражува, а јавноста ќе биде информирана за сите понатамошни детали.

Поврзани содржини