Двајца скопјани пронајдени починати дома

1,755

Во изминатите 24 часа две лива на возраст од 40 години се пронајдени починати во својте домови, информира МВР.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, вчера во 12.50 часот во СВР Скопје од  Итната медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на ул.„Ташко Караџа“. Станува збор за С.А.(44) од Скопје. Од полицијата информираат дека извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.






Во вториот настан, вчера во 20 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без траги на насилство во стан на ул.“Маџари“. Се работи за И.Ј.(43) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Поврзани содржини