ДВАЈЦА СИРИЈЦИ УАПСЕНИ ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ Спречен обид за шверц на 24 мигранти од Египет и Сирија

Мигрантите биле пронајдени во близина на патот Богородица–Стојаково, дел од нив оставени кај фабрика, а остатокот во близина на локалниот пат.

330

Двајца државјани на Сирија, на возраст од 26 и 22 години, се уапсени од полицијата под сомнение дека организирале и спроведувале криумчарење на мигранти кај Богородица. Како што информира МВР, осомничените А.А. (26) и И.К. (22) се товарат за кривично дело „Криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.

Вчера околу 17:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Богородица пронашле 13 мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија) во близина на локалниот пат меѓу селата Богородица и Стојаково. Само еден час подоцна, во 18:30 часот, уште 11 мигранти од Египет биле откриени кај една фабрика во селото Стојаково.






Според информациите од МВР, мигрантите биле превезени со патничко возило „мерцедес“, а по откривањето биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

„Во службените разговори, мигрантите изјавиле дека групата ја водел А.А. (26), а му помагал И.К. (22), двајцата од Сирија“, се вели во соопштението на МВР.

Осомничените биле лишени од слобода околу 20:00 часот, по што се задржани за понатамошна постапка. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, и против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини